Учениците од ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче првиот ден од второто полугодие на учебната година го почнаа во новоизградениот објект на училиштето.
-Тука конечно заврши долгогодишниот проблем со лошите услови и нашата општина доби училиште по сите европски стандарди. Од денеска учениците ќе можат да учат и да ги поминуваат своите училишни денови во топла атмосфера, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски, посакувајќи им успешно второ полугодие на сите ученици од Општина Аеродром и остварување на целите што ги имаат поставено.
Оваа календарска година се планираат повеќе инвестиции во образованието. Освен „Димитар Македонски“, во текот на оваа година ќе се реконструираат и другите основни училишта, ќе има смарт-табли, дигитализација, набавка на нови таблети за прво и четврто одделение.
Образованието е наш приоритет, велат од општина Аеродром.