Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 06.09.2022 година (вторник) поради уличен дефект од ф – 2 цола на ул. „Перо Наков“ бр.105, во периодот од 08:30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. „Перо Наков“, како и објектите на Бонум, Бриколаж и неколку помали приватни стамбени објекти лоцирани во нивна близина.
Овие улици и објекти се во општина Гази Баба.