Корисниците од неколку улици во Скопје од вечерва поради дефект ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти Водовод.
Уличен дефект се случил денеска на булеварот „Илинден“ раскрсница со улица „Манапо“.
Водоснабдувањето е во прекин на улиците: „Лубланска“, „Манапо“, „Струма“, „Огражден“, „Драгиша Мишковиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Карпошево Востание“, „Никола Русински“ и „Бледски Договор“.
Со намален притисок ќе биде дел од булеварот „Партизански одреди“ на потег од раскрсницата со „Лубланска“ до раскрсницата со „Манапо“ од 20:15 часот до завршување на приклучокот.
Поради дефектот, дел од булеварот „Илинден“ од улицата „Лубланска“ во правец на Центар до улица „Манапо“ ќе биде затворен за сообраќај.