Дел од корисниците од улицата „1520“ во населбата Пинтија и корисниците од поголем дел од стопанските објекти приклучени на трафостаницата „Пинтија 5“ утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Хо Ши Мин“ во општина Бутел, од 11:00 до 12:30 часот корисниците од улицата „Ганчо Хаџипанзов“ од број 10 до број 18 во општина Центар, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од улицата „Саса“ бр. 18 и краците и подуличките во близина, во општина Кисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.