петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од општина Карпош утре без струја

Дел од општина Карпош утре без струја

Објектот на хотел „Ибиш“ лоциран до ТЦ Олимпико, корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ од бр.103 до бр.115 – непарни броеви, објектот на ТЦ Олимпико и објектите околу него, како и корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од бр.216 до бр.226 – парни броеви во општина Карпош утре од 9:00 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот, без струја ќе биде и објектот на „Кадис“ во ТЦ Олимпико, општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија и изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.