среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делегација од општина Гази Баба предводена од Стефковски во посета на Стара Пазова во Србија

Делегација од општина Гази Баба предводена од Стефковски во посета на Стара Пазова во Србија

Тим од општина Гази Баба во официјална посета на општина Стара Пазова, Република Србија, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Имам чест да ја предводам делегацијата на општина Гази Баба која е во официјална посета на општина Стара Пазова, Република Србија.

Заедно со мене во тимот се: претседателот на Сојузот на Стопански комори на Македонија Трајан Ангелески, преседателот на Здружението на граѓани Мир, слога, стабилност Димитрије Недич, како и мои соработници од општинската администрација.

Во рамки на посетата утрово потпишавме меморандум за соработка. Исто така разменивме искуства за развојните потенцијали и можности, како и за идна соработка на неколку полиња култура, образование, спорт и ЕУ фондови.
Во текот на денот ќе извршиме посета на повеќе индустриски капацитети на кои ќе го преставиме индустрискиот потенцијал на општина Гази Баба, пишува Стефковски во својата објава.