вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови без неколку скопски општини утре без струја

Делови без неколку скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 05.02.2021 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Лазар Поп Трајков бр.19. ( општина Гази Баба )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Благоја Гојан – лоцирани под детското игралиште. ( општина Кисела Вода )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Венјамин Манчуковски бр.5. ( општина Аеродром )
– во периодот од 09.50 до 14.00 часот, корисниците од село Патишка Река, Карст Јаболци, како и викендиците во село Држилово. ( општина Сопиште )