Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека за ден 23.09.2020 година (среда), планирани се следните технички зафати во електро-системот во градот Скопје:
-во периодот од 08:15-15:30 без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.1 (во делот од школото до обиколницата) (општина Г.Баба)
-во периодот од 12:00-15:00 без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Штросмаерова. (општина Ѓ.Петров)
-во периодот од 09:00-12:00 без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул.Рељо Шестокрило како и од ул.Брегалничка. (општина Ш.Оризари)
-во периодот од 09:00-15:00 без електрична енергија ќе останат корисниците од сите стопански и нестопански субјекти од с.Држилово, с.Патишка Река, како и репетиторите на Карст Јаболци и ПЦЦ Хидро. (општина Сопиште)
-во периодот од 09:00-11:00 без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Огражден згр.бр.97, ул.Никола Русински згр.бр.4, ул.Карпошо Востание згр.бр.8, бараките на бивша општина Карпош, како и градинката Орце Николов. (општина Карпош)