вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Аеродром, Карпош и неколку скопски села утре без струја

Делови од Аеродром, Карпош и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од улицата „Горноврановска“ во општина Аеродром утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селата Долно и Горно Свиларе, а од 10:15 до 11:15 часот и дел од корисниците од караула Чашка, село Кучково, како и викендици- Кучково.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат и дел од  корисниците од улиците „Миле Поп Јорданов“ и  „Џумајска“ во општина Карпош, а од 08:40 до 15:00 часот корисниците од Јурумлери од патот за Лисиче до Дрма, Колонија и Идризово.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирни зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.