сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Аеродром, Кисела Вода, Чаир и Центар утре ќе останат без струја

Делови од Аеродром, Кисела Вода, Чаир и Центар  утре ќе останат без струја

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 29.05.2020 година ( петок ), без електрична енергија ќе останат:      

-Од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од дел од ул. Црноризец Храбар, дел од ул. 1616 (реонски центар) – Лисиче, како и корисниците од Ул. 1513, во Пинтија во општина Аеродром и Кисела Вода.

-Од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од дел од ул. Џон Кенеди, Ул. Максут Садик, Ул. Пере Тошев во општина Чаир.

-Од 13.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули делот кај Американска Резиденција во општина Центар

-Од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Славе Деловски и соседните улички во општина Центар.