петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Центар, Карпош и неколку скопски села утре без струја

Делови од Центар, Карпош и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од дел од улицата „Козара“ во општина Центар утре од 8:30 до 14:30 часот ќе остнат без напојување со електрична енергија.

Од 10:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од делови од улиците „Ганчо Хаџипанзов“ и „Караорман“ во општина Карпош, а од 9:00 до 13:00 часот дел од корисниците од село Кондово.

Во периодот од 9:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од рудникот Радуша, дел од село Кондово, караула Чашка, село Грачани, викенд нас. Веле Поле, дел од село Кучково и викендиците во село Кучково.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.