понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош утре без струја

Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Карпош.

Исклучувања на електро системот утре од 8:00 до 12:00 часот ќе има во викенд населбата Веле Поле, во општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 14:00 часот на ул.„Киро Фетах -1“ во населба Драчево, општина Кисела Вода.

Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од бул. „Партизански Одреди“ бр.82 Макпетрол, а од 9:00 до 10:00 часот корисниците од ул. „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош.