понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Карпош, Сарај, Ѓорче Петров и Шуто Оризари утре без струја

Делови од Карпош, Сарај, Ѓорче Петров и Шуто Оризари утре без струја

 Дел од жителите од улицата „Иван Цанкар“ утре од 9 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците на водната пумпа во село Радуша, а од 8:30 до 10 часот корисниците од улицата „Војвода Васил Чакаларов“ бр. 1.

Без снабдување со струја од 9 до 13:30 часот ќе бидат жителите лоцирани на улиците „Ѓуро Салај“ бр. 14 и „Пробиштипска“ бр. 18, а од 9 до 14 часот дел од корисниците од булеварот „Македонско косовска бригада“ подулица 10 и околните улички.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Пелагонија“, а од 12 до 13:30 часот дел од корисниците од улицата „40“ во село Волково.

Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.