недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров утре без струја

Делови од Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров утре без струја

Без електрична енергија утре од 10:00 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Чупино Брдо“, „Иван Тургењев“ и дел од „Дарвинова“ во општина Кисела Вода.

Во период од 11:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Јосиф Даскалов“, а од 9:00 до 10:00 часот корисниците од село Орман, во општина Ѓорче Петров.

Без струја утре од 11:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од скопското село Добри Дол од сред село кон селото Ракотинци во општина Сопиште.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.