четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од неколку скопски општини денеска без струја

Делови од неколку скопски општини денеска без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од Момин Поток – Синтек и СИЗ Македонија, Општина Карпош.

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр.10 и бр.27, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Манчу Матак„, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот д 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Осло“, Општина Карпош.

Во периодот од 09:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Козле“ кај крстосницата со ул.„Кораб“, Општина Карпош.