сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од неколку скопски општини во понеделник без струја

Делови од неколку скопски општини во понеделник без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 04.10.2021 година ( понеделник ), без електрична енергија ќе останат:

• во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од село Кондово кај џамијата и гробиштата. ( општина Сарај);
• во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од село Орман и село Никиштане (општина Ѓорче Петров ), како и корисниците од дел од ул. Христо Татарчев број 14.( општина Кисела Вода ),
• во периодот од 08:00 до 12:00 часот, корисниците на дел од село Шишево ( општина Сарај )
• во периодот од 09:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од Стопански Двор, во околина на „Галафарм“ ( општина Ѓорче Петров )