петок, 15. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека утре (вторник), се планирани неколку технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа и без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

  • во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. Скупи 3 А (позади Олимпико).(Општина Центар)
  • во периодот од 11:30 до 13:30 часот корисниците од ул. Ѓорги Капчев подулица 1. (Општина Аеродром)
  • во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улица 52 во Стопански Двор.(Општина Ѓорче Петров)
  • во периодот од 13:30 до 15:30 часот корисниците од улицата Првомајска подулица 18.(Општина Кисела Вода)
  • во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. Тодор Чангов подулица 52. (Општина Аеродром)