Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат неколку населени места.
На ден 10.09.2023 година (недела):
Од 05:00 до 07:00 часот, корисниците од дел од с. Волково, (Општина Ѓорче Петров), и селата: Кондово, Горно и Долно Свиларе, Грачани, Радуша, Дворце, Копаница, Рашче, Бојане, Сарај, Глумово, Грчец, Шишево, Арнакија, Паничар и Раовиќ. (Општина Сарај).
На ден 11.09.2023 година (понеделник):
-Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (Општина Аеродром)
-Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од нас. Волково, поточно улиците бр. 22 и бр. 60. (Општина Ѓорче Петров)
-Од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Ванчо Мицков. (Општина Карпош)
На ден 12.09.2023 година (вторник):
-Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од делови од улиците: Московска, Лондонска, Бриселска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)
-Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Марино. (Општина Илинден)