четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Сопиште, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Сарај утре без струја

Делови од Сопиште, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Сарај утре без струја

Жителите лоцирани на улицата „12“ во Горно Соње, општина Сопиште, утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Пехчевска“ број 20 и околината во општина Гази Баба.

Без снабдување со струја од 9:30 до 13 часот ќе бидат дел од жителите од улиците „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“) од број 10 до број 19 кај маркетот „Тинекс“ и Вучко Компани во општина Аеродром.

Од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“ од број 60 до 140, дел од улицата „Пржино“ од број 24 до 34 и улицата „Рилски Конгрес“ во општина Кисела Вода. Од  8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од жителите од скопското село Љубин, општина Сарај.

Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.