понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Димовски од ССМ: Арсовска и Митовски се иживуваат врз вработените и покрај сериозни докази нема решение

Димовски од ССМ: Арсовска и Митовски се иживуваат врз вработените и покрај  сериозни докази нема решение

В.д директорот на јавното претпријатие Водовод и канализација кон 30-тина работници се однесува како деспот и ги крши работничките права. Ова обвинување го изнесе првиот човек на ССМ, Дарко Димовски кој обвинува дека незаконски директорот давал работни задачи и префрлувања на работно место на одредени работници, иако такви задолженија ги немале во договорите за работа. Како што вели тој, го пријавиле ова во Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, од каде добиле одговор дека директрот постапува незаконски и ги крши работничките права. Димовски вели дека имале средба со директорот, кој немал слух за овие жалби. Напротив, вели Димовски, лицето задолжено за правни работи во ова претпријатие, му сугерирало на директорот дека постапува законски.

-Незаконски се делат некакви задолженија, како магационер, а не како директор и се задолжуваат нашите работници да извршуваат плус рабони задачи на некое си место кое не е предвидено со договорот за работа. Не може хидроинженјери да праќаме по чуварски куќичќки и пумпни станици. Не може работници на специјални возила да седат во базата да не работат ништо затоа што не му се допаѓале на в.д директорот Марјан Митовски, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.