Пристигна првиот од трите диносауруси, скулптури на уметникот Андреј Миневски, кои се изработени од рециклиран отпад, железо, информираат од скопската зоолошка градина.
-Андреј се приклучи во кампањата “Креирај и донирај”, а неговите уметнички дела посетителите ќе може да ги видат до јуни. Голема благодарност до господинот Миневски и до ЈП Водовод и канализација Скопје кои ги пренесуваат диносаурусите и несебично секогаш помагаат на Зоо Скопје, информираа тие.