Директорите на ТАВ Македонија го растовараат авионот, а во иднина ќе ги пробаат и другите професии на вработените.
Меѓународниот Аеродром Скопје почнува серија од видеа, во кои топ-менаџерите на компанијата „ќе влезат во чевлите на вработените”.
„Работејќи на различни работни позиции, директорите ќе се обидат да ги разберат секојдневните задачи на вработените, истовремено презентирајќи ѝ ги на јавноста процесите на аеродромот.
Во ова видео се Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој и Координаторот на Аеродромите во Скопје и Охрид, Неџат Курт.
Следете нè“!-велат од таму.