среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Диви депонии, необезбедени градилишта – хаос во Општина Центар

Диви депонии, необезбедени градилишта – хаос во Општина Центар

Горан Герасимовски го продолжува континуитетот на неговите претходници. Општина Центар е општина синоним за урбанистички хаос и највалканата општина во Градот Скопје.

Сликите во прилог говорат за незаградени градилишта само на чекори од каде секој ден играат дечиња на што реагираат голем број граѓани.

Герасимовски кој е рекордер по бројот на ново издадени градежни дозволи очигледно е заложник на мала група поединци кои имаат само еден интерес – лична заработка.

Истовремено, сликите говорат и за Центар како највалканата општина во нашиот главен град.

Пример за тоа е дивната депонија која се има појавено само на стотина метри од Олимпискиот базен.

Герасимовски ќе остане запамтен во првата година по својот најголем капитален проект – фарбање на спортско игралиште.