понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ДНК со поддршка за Данела Арсовски

ДНК со поддршка за Данела Арсовски

Денеска заедно со Андреј се сретнавме со независната кандидатката за градоначалник на Скопје, госпоѓата Данела Арсовска. Поразговаравме на неколку различни теми меѓу кои и темата која највеќе не засега нас и сите наши колеги од Македонската сцена, напиша на Фејсбук, Владимир Блажев од групата ДНК.

Разговаравме и се сложивме околу тоа дека Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места. Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалнчка односно “Мајка” на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе Македонски изведувачи. Се сложи и со тоа дека кај Македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, Македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено и место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни, истакна Блажев.

Ние ја држиме за збор и се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје. Да не заборавиме дека мајка си е мајка, татко може да биде секој, додаде тој.

ПС: Ни ја пофали и нашата последна песна “Сите Патиша” за која кажа дека и будела убави спомени од детството и ја вратила во времето на нејзиното безгрижно детство и на другарите со кои пораснала и со кој и ден, денес комуницира.