“Екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, по големото и силно невреме кое го зафати градот Скопје, се на терен за расчистување на сливниците и шахтите, со цел нормална функционалност на атмосферската канализација.
Со спроведување на активности од страна на екипите на претпријатието, ќе се продолжи се додека не се овозможи нормална функционалност на атмосферската канализација во сите делови на градот, информираат од градското претпријатие.