среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Екипи на терен: Акција за чистење на атмосферската канализација во Скопје (ФОТО)

Екипи на терен: Акција за чистење на атмосферската канализација во Скопје (ФОТО)

Екипи на сектор Канализација, при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на денешниот ден спроведоа акција за чистење на сливниците и шахтите во сите општини на територија на Град Скопје.

Акцијата се спроведува како дел од редовните работни активности и во согласност со најавените врнежи од дожд во текот на периодот кој следува, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација.

Врз основа на планираните активности, акцијата продолжува и во текот на утрешниот ден, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.