петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Екипите на Водовод со повеќе интервенции на терен во Скопје

Екипите на Водовод со повеќе интервенции на терен во Скопје

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“  во текот на изминатата недела, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани,  покрај тоа што ги извршуваа редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа и  на неколку локации во градот.

Секторот  Водовод на ова јавно претпријатие отстрануваше  дефекти на следните локации: улица „Ресенска“ 10, улица „Овчеполска“ 101, во Сарај  на улица  4 бб, улица „Војдан Чернодрински“ 25, улица  „Скупи“ кај Хубо, улица „Видое Смилевски Бато“ 41/67, улица  „Македонско-косовска бригада“ 42/17, улица  2 бб Студеничани, во Кондово улица 1 бб, улица „Божин Николов“ 37 и улица „Кумбара“ 32.

ЈП „Водовод и канализација“ продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.