Локалната власт во Шуто Оризари предводена од СДС не само што не гради, туку и не реконструира/санира како што треба па и тоа што го крпи го прави на многу чуден начин, да бидем искрен невиден и смешен, коментира на својата Фејсбук страница Ерџан Демир.
-2021, ХХI век. Сите одат напред но ние некако тешко, не ни оди како што треба. Локалната власт во Шуто Оризари предводена од СДС не само што не гради, туку и не реконструира/санира како што треба па и тоа што го крпи го прави на многу чуден начин, да бидем искрен невиден и смешен. Дупките во некои улици наместо со асфалт да се пополнат, кај нас тоа со малтер/бетон ги праваат па и на тоа метална арматура ставаат. Си мислат народот не гледа и не знае како улици се градат, реконструираат или санираат, не ја подценувајте нивната интелигенција бидејќи тоа не го заслужуваат, пишува во својата објава Демир.