Нов в.д директор на ЈП „Градски Паркинг” – Скопје, од денеска е Филип Пасху, соопштија од Град Скопје, од каде информираат дека станува збор за магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија.
– Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие, велат од Град Скопје.