недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Аеродромци гневни на Златко Марин, општината претворена во џунгла

ФОТО: Аеродромци гневни на Златко Марин, општината претворена во џунгла

Веќе неколку денови жителите на општина Аеродром мака мачат да го натераат градоначалникот Златко Марин да се сети која му е функцијата и кои се негови обврски. Иако во државата владее пандемија и движењето на граѓаните е строго пропишано во одредени интервали, сепак аеродромци не можат ниту малку да го искористат времето за шетање низ населбата поради надраснатите треви и неуредните паркови.

Аеродромци веќе неколку денови објавуваат слики и видеа од уништени паркови, скршени канти, скршени клупи и треви кои повеќе прилегаат на некој шумски предел, а не на општина на само 1 километар од центарот на градот.

Денеска ни пристигнаа уште неколку фотографии од кои јасно може да се види дека Златко Марин најверојатно веќе не е градоначалник на Аеродром или барем не сака да биде.