Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје на чело со директорот Зухди Енуз веднаш излегоа на терен по нередот што се создаде во некои делови од градот од денешното невреме ! Силниот ветер и обилните дождови предизвикаа паѓање и на најголемите гранки од дрвјата, додека цели камиони се наполнија со лисја!
– Нашите екипи се уште се на терен со цел целосно исчистење на улиците, информираат од јавното претпријатие.