петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: На покривот на ГТЦ наместо зеленило никна бетонска конструкција

ФОТО: На покривот на ГТЦ наместо зеленило никна бетонска конструкција

Социјалните мрежи овие денови се поплавени од фотографиите од кровот на ГТЦ каде градот Скопје и Петре Шилегов ветија зелен балкон над ГТЦ, а сега граѓаните се сведоци дека никнува бетонска конструкција најверојатно за кафуле.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во гостувањето на Канал 5 телевизија изјави дека е многу нормално на сите јавни површини да има и места и објекти кои ќе ги привлекуваат луѓето.

-Градот Скопје за да стимулира реобновување на ГТЦ испланиравме и на површина од илјада и 800 метри квадратни метри градот со ГТЦ и УНДП да се инвестира во зелен кров. Ова што е на кровот личи на надградбата на ГТЦ, но тоа е еден вид помошен објект. Ова и не е толку голем објект, несреќно е избран аголот при фотографирање. Тоа е околу 5 проценти од целата површина од илјада и осумстотини метри квадратни, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на гостувањето на Канал 5 телевизија.