сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Околу 20 автомобили се испокршени во катната гаража „Буњаковец“

ФОТО: Околу 20 автомобили се испокршени во катната гаража „Буњаковец“
ФОТО: Фокус.мк

Утринава биле уништени околу 20 автомобили во катната гаража „Буњаковец“ во центарот на Скопје.

На фотографиите може да се забележи дека се искршени предни и задни шофершајбни на автомобилите, но и уништени врати и други делови од возилата.

ФОТО: Фокус.мк

Се уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот.

„На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“. се наведува во одговорот од МВР.

Повеќе фотографии може да погледнете на „Фокус“.