четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Ова е новиот в.д. директор на ЈП Улици и патишта откако претходниот беше фатен со кокаин

ФОТО: Ова е новиот в.д. директор на ЈП Улици и патишта откако претходниот беше фатен со кокаин

Откако вчера експресно беше разрешен, денеска Јавното претпријатие „Улици и патишта“ доби нов в.д директор – Бобан Црничиќ.

Разрешувањето на претходниот директор Сенад Смаиловиќ следуваше откако полицијата во Струга кај него пронашла кесички со кокаин.

Смаиловиќ веќе два дена е недостапен за медиумите.

Имено, во полицискиот билет беше објавено дека на 15 август, во 22:40 часот на улицата „Владо Малески“, во Струга, полициски службеници од полициската станица-Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.