И додека власта се препотува од изборниот пораз во првиот круг од изборите во речиси 90 проценти од општините и градовите, во паника градоначалникот на Центар и Скопје прават секакви напори да се остави добар впечаток пред граѓаните.
Особено само неколку дена пред вториот круг актуелните градоначалници од СДСМ се одлучија да го асфалтираат паркингот пред градската болница во центарот на Скопје.
Инаку вториот круг помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се случат за точно 10 дена од денес, на 31 октомври.