Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Мкедонија, е сликата која утрово ја затекнале екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.
-За жал вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот. Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, се вели во соопштението на претпријатието.