Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во изјава за ТВ21 вели дека во општината веќе имаат повеќе од осум илјади апликации за легализација на објекти и дека бројката ќе биде многу поголема ако помине законот за легализација на бесправно изградените објекти.
-Има над 8.000 апликации. Над 65% ги имаме решено како предмети. Сега со новиот закон доколку се усвои, сигурно ќе очекуваме нови апликации. Не можеме да прејудицираме колкав ќе биде бројот. Што се однесува до дивоградбите од различен тип, евидентирани се 41 тип и ние почнавме постапка за тие објекти“, вели Ганиу.