Градежен инспектор на Општина Центар денес изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на бул. „Никола Карев“, каде се гради објект за кој нема издадено одобрение за градење, информира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
-Станува збор за нелегален објект на непознат инвеститор, за кој е издадено и решение за отстранување. Апелираме до сите инвеститори, при почеток на изградба да ја поседуваат целосната документација. Во спротивно, објектите нема да бидат легални, ќе добијат решенија за отстранување, а доколку сами не ги отстранат, општината ќе го стори тоа, со што трошокот ќе падне на товар на инвеститорите, односно сопствениците – соопшти Герасимовски.