Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за општина Центар, вечерва прогласи победа.
-Центар останува во вистински раце, победувме убедливо со речиси 2.000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓаните кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и подигаме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден, изјави Герасимовски.