вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на Потстаница креирајќи вистинска урбана населба!

Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на Потстаница креирајќи вистинска урбана населба!

Потстаница комплетно го менува својот лик, станувајќи вистинска урбана населба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во ова досега заборавено место во Драчево, каде што со години никој не интервенирал за да обезбеди подобри услови за живеење.

Улицата ,,Сердарот” од 6500m2 која со години беше заборавена, сега добива нов асфалт и е проширена, пешачка зона, а краците се поплочени со павер елементи. Општина Кисела Вода го реши и долгогодишниот проблем со паркирањето и метежот во овој дел од општината, па сега жителите имаат на располагање околу 100 паркинг места, додаде Ѓорѓиевски.

-Младите ќе имаат можност да спортуваат на новото фудбалско игралиште со квалитетна вештачка трева, како и новото кошаркарско во негова близина, додека пак, за најмладите жители градиме ново детско катче со модерни реквизити каде што детската игра тука ќе може непречено да се одвива. Како новитет, градиме и нов мини плоштад кој ќе биде место за собирање на сите жители од Потстаница, за дружба и одмор, но и многу манифестации. Иднината се гради со дела, а за нас тие говорат најмногу-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, додавајќи дека во Кисела Вода повеќе нема заборавени места и дека работата продолжува со уште посилно темпо во секоја населба.