Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес беше во посета на ООУ ,,Рајко Жинзифов” во Драчево каде објави дека за десетина ќе пристигне опремата за опремувањање на сензорните соби во овие две основни училишта, Се работи за целосно опремување со сензорно осветлување со смирувачко дејство и реквизити.
-Денес бев во посета на училиштето ,,Рајко Жинзифов” кое заедно со ,,Кирил Пејчиновиќ” добиваат сензорни соби.
Во овој момент течат финалните подготовки на просториите за кои веќе е нарачана опремата составена од реквизити, посебни материјали и сензорно осветлување со смирувачко дејство кои ќе пристигнат за десеттина дена.
Со овие две нови, како и во ,,Партенија Зографски” за кое бараме соодветна просторија за преадаптација, го завршуваме циклусот на обезбедување на сензорни соби во сите основни училишта на територијата на општина Кисела Вода. Останува уште ООУ ,,Климент Охридски” за кое веќе се подготвува проект за целосно нов објект и веднаш после изградбата ќе добие исто така, сензорна соба.
Инклузијата на лицата со посебни потреби стои високо на листата на моите приоритети и правиме сериозни чекори во практикување на нивен еднаков третман во образовниот систем, како и во сите сфери на општеството.
За две години од мојот мандат, дечињата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава имаат соодветни услови за образование.
Мојата грижа за нив е континурана и секогаш ќе биде, бидејќи тие заслужуваат еднаков третман.
Тука не застануваме, Кисела Вода е за сите луѓе! – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.