четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Градежни активности во Пинтија, санација на улицата “Саса”

Градежни активности во Пинтија, санација на улицата “Саса”

Започна првата фаза од санацијата на улица “Саса” во урбаната заедница Пинтија. Се работи на 500 метри должина, на кои се интервенира за првпат откако е направена оваа улица.

По налог на Општина Кисела Вода веќе е отстранет дотраениот асфалт и интензивно се работи на подготовките за асфалтирање.

-Паралелно, во Пинтија, течат градежни активности и на кракот 18 од улицата Саса, каде во завршна фаза е поплочувањето со павер елементи на повеќе улици со вкупна површина од околу 1500 квадратни метри. Покрај надземно, во оваа населба се работи и на унапредување и уредување на подземната инфраструктура. Имено, Општина Кисела Вода е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба на околу 1600 метри фекална канализација, за улиците Саса 4 и Саса 2, кои за првпат ќе добијат канализациона мрежа, информираат од Општина Кисела Вода.

Работејќи на постигнување на рамномерен регионален развој, во општина Кисела Вода со градежни зафати се зафтени и останатите месни и урбани заедници.