четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Меморандум за соработка со Реди и Реди Рециклажа

Градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Меморандум за соработка со Реди и Реди Рециклажа

Воспоставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад и подигнување на јавната свест за селектирање на отпад во општина Кисела Вода овозможува потпишаниот Меморандум помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите РЕДИ – Скопје, ДУСО РЕДИ Рециклажа Скопјe.

Заемните активности кои се опфатени во согласност со оваа Иницијатива, се поставување на канти за селекција на неопасен отпад во станбени згради и објекти коишто ќе бидат мапирани, навремено собирање на неопасен отпад (пластика и хартија) од поставените канти во станбените згради натериторија на општина Кисела Вода и обезбедување на обучен работен кадар. На овие активности им претходат обуки, техничка поддршка, мапирање на заинтересирани лица за учество во проектот, а паралелно, преку организирање на едукативни кампањи, се подигнува свеста кај целокупното население.

Соработката се реализира во рамки на проектот ,,Роми и КОВИД – 19: Градете подобро преку одржливо управување со отпадот”, поддржан од Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи.

Processed with VSCO with preset