По споделените фотографии од страна на СДСМ дека игралиштето „Бранители“ во Волково не било дофарбано и дека објавата за акцијата е евтин ПР, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на ироничен начин ги демантираше.
Имено, Стојкоски објави фотографии, кои пред неколку денови беа доставени и до медиумите, а на кои се гледа дека игралиштето добило нов лик. Од нив, може да се потврди дека фарбањето е целосно завршено.
Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? Читај СДСМ, пишува кратко во својата реакција Стојкоски.