среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Граѓаните гневни поради состојбата во Драчево: Дворовите и куќите ни се полни со фекалии, се бара одговорност од градоначалникот

Граѓаните гневни поради состојбата во Драчево: Дворовите и куќите ни се полни со фекалии, се бара одговорност од градоначалникот

Дождот кој утринава врнеше во Скопје донесе големи проблеми во селото Драчево, каде што најголем дел од улиците, дворовите и домовите на граѓаните беа поплавени. Драчевчани бараат конечно решавање на овој проблем, кој инаку беше ветен во предизборната програма на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Граѓаните се жалат иако веќе се поминати 10 месеци откако тој е на функцијата, од ова негово ветување се уште нема ништо.

Еден од граѓаните во изјава за Курир вели дека скоро низ целиот двор и во делови од куќата е влезена вода.

-Не само што е вода, да е чиста вода нека оди, ама тоа се фекалии од канализација излегуваат, од горе па се надоле до крајните куќи, изјави овој граѓанин кој беше чиј двор и куќа беа погодени од дождот кој паѓаше утринава.

Уште еден од граѓаните се жали дека од водата која излегува од канализацијата излегуваат фекалии и цела вода оди како река.

-Надоле канализацијата плива, по нивите е се полно со фекалии, изјави еден од жителите на Драчево пред камерата на Курир.

Со реакција за оваа ситуација во Драчево излезе и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Советникот од оваа партија кажа дека со ова на виделина излегле неспособноста и неодговорноста на власта, дека по кратки врнежи се поплавиле скоро сите улици во селото Драчево.

-Улицата Речиште наликуваше на вистинска река и додека Драчево тоне во вода, Темелковски мува не го лази жителите на село Драчево не паметат вакви поплави, улицава има само фекална канализација и истата при нецелосно чистење, не е во способност да ги апсорбира атмосферските врнежи. Водата која веќе се повлече направи штета во сите домови на жителите на село Драчево, изјави Јовевски.

Тој потсети дека градоначалникот Темелковски пред изборите ветувал изградба на атмосферска канализација, но дека 10 месеци откако е на функцијата ништо од тоа што го ветил не почнал да го реализира.

-Темелковски кој пред избори доаѓаше и ветуваше се и сешто, сега го нема да дојде и да види со што се соочуваат жителите, изјави Јовевски.

Јовевски порача дека власта требало да ги пренамени 1.3 милиони евра, пари кои се планирани за кампањата за референдумот, за според него промоција на капитулантскиот договор со Грција, за атмосферската канализација која ја ветил Филип Темелковски, со што немало да дојде до поплави и штети.

-Граѓаните очекуваат одговорност, Темелковски е неспособен да управува со општината, Темелковски заедно како и неговите партиски шефови, мора да си замине, порача Јовевски.