четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ГРОМ: СДСМ НЕ победува во прв круг во Карпош

ГРОМ: СДСМ НЕ победува во прв круг во Карпош

Граѓанската опција за Македонија, ГРОМ,  ги демантира информациите објавени од страна на СДСМ дека победуваат во прв круг во општина Карпош.

Медиуми блиски до СДСМ повикувајќи се на извори од партијата веќе го прогласија нивниот кандидат Душко Весковски за нов градоначалник на Карпош, но според ГРОМ кој го има кандидатот Стевчо Јакимовски, таа информација не е вистинита.