сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Христовски: Ако имало списоци за вработување на некои роднински врски ќе реагираме согласно законот, неработењето на пајак-службата е една од причините за намалување на приходот на ЈП „Градски паркинг”

Христовски: Ако имало списоци за вработување на некои роднински врски ќе реагираме согласно законот, неработењето на пајак-службата е една од причините за намалување на приходот на ЈП „Градски паркинг”

Директорот на ЈП „Градски паркинг” Бојан Христовски, во денешното свое излагање на седницата на Советот на град Скопје, посочи дека се преземаат мерки за подобра внатрешна контрола и ревизија во претпријатието, како и тоа дека се работи на подобар видео-мониторинг на сите места каде што се работи со пари и санкционирање на непрофесионалното однесување на вработените.

Христовски рече за да не се повторуваат работите кои се случувале во минатото, се направило прераспоредување во претпријатието каде што има промена на раководните структури и се надева дека тоа ќе придонесе кон подобра наплата на услугите кои што ги нуди самото претпријатие.

Тој зборуваше и за низа неправилности и злоупотреби кои се случиле.

-Да, јас поддржувам проверка на таблици но во моментов не можат да се проверат бидејќи системот кој дозволува проверка на таблици, легалниот систем, тие списоци што биле паралелни во excel табели се избришани. Според информациите, избришани се за време на локалните избори, поточно по завршувањето на вториот круг.

Христовски ја коментираше и работата на пајак службата за време на претходното владеење и нагласи дека има пад од 50%. Нагласи дека бројот на подигнати возила по налог на МВР нагло паѓа во 2021 година во септември, односно ако по налог на полиција се подигнувале околу 700 или 800 возила, во септември има пад од 676, во октомври 355, ноември 218 и запраша дали тоа е поврзано со изборите.

-Околу постапката за вработување, јас сум свесен за некои роднински врски, тој список јас го немам видено и доколку ми биде доставен и доколку се увиди дека има некои неправилности ќе се реагира согласно законот.
Би го истакнал и неработењето на пајак службата за намалувањето на приходот за декември према јануари и воедно, како што кажав претходно, од почетокот на јануари немаме активен договор за одржување на паркинг системите. Тоа во пракса значи дека кога рампите, паркоматите, наплатните каси, софтверот, механиката ќе се расипе, тоа нема кој да ни го поправи, додаде Христовски.