петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Христовски најави новитет во ЈП Градски паркинг

Христовски најави новитет во ЈП Градски паркинг

Од денес, бесплатно паркирање за лицата кои даруваат крв и поволности за месечна дозвола за приватните специјализанти, рече во своето обраќање директорот на ЈП Градски паркинг Скопје, Бојан Христовски.

-Денес на седницата на Советот на Град Скопје едногласно се донесе одлука со која се овозможува бесплатно паркирање на лицата кои даруваат крв, за време на дарувањето крв, на сите паркиралишта со рампа, како и поволности за месечна дозвола на паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за приватните специјализанти. Предлог- одлуката беше на иницијатива на претпријатието, а со поддршка од Градоначалничката на Град Скопје.Со таа одлука приватните специјализанти ќе може плаќаат по 400 ден месечно, исто како останатите вработени во клиничкиот центар, истакна Христовски.

ЈП „Градски паркинг“- Скопје уште една покажа дека е општествено одговорно претпријатие, додаде тој.