По 12000 денари К-15 ќе добијат сите вработени во ЈП Градски Паркинг.
-На иницијатива на Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг – Скопје, поддржано од Надзорниот одбор на претпријатието, денес Управниот одбор донесе одлука за исплата на К-15 на сите вработени. По спроведување на одлуката од страна на претпријатието, вработените, за прв пат после 14 години ќе го добијат своето право за регрес за годишен одмор, односно ќе им бидат исплатени по 12000 денари на нивните сметки. Честитки за одлуката, истакна поранешниот в.д. директор на Градски паркинг, Бојан Христовски.