Во црквата „Свети Спас“ во Долно Соње утревечер ќе се одржи хуманитарен концерт за лекување на Александар Мицевски, информираат од Општина Сопиште.
Хуманитарниот концерт ќе започне во 19 часот.
– Ги каниме сите, да бидеме што побројни и да покажеме хуманост кога е тоа најпотребно, велат од Општината.